Tuesday, January 17, 2017

Стариот завет и новиот Бог

Стариот завет е преполн со постапки и сфаќања што се во спротивност во Новиот завет и со Христијанството какво сега го познаваме. Не е грев да се види очигледното, и да се каже. Тој багаж, тој конфликт на идеологии му пречи на Христијанство, па и покрај неговата напредност, длабчина и хуманост, тоа ја води цивилизацијата кон догми, наместо кон напредок.

Всушност, сето тоа што му пречи на Христијанството да биде религија на љубовта и простувањето лежи во негативната енергија содржана во Стариот завет.
И токму затоа луѓето се повеќе веруваат во материјалните, наспроти духовните вредности. 

Стариот завет е застарен кривичен законик и книга со застарени нормативи.

Ова Христијанство што го знаеме сега е многу поразлично од тоа во средниот век. Па и капацитетот за разбирање на записите во стариот завет ни е поголем од тој на луѓето пред 10тина векови.

Мое мислење е дека Бог е создаден од луѓето за луѓето. Тој ни е потпора, утеха и пат. Но сфаќањето за Бог не е дефинирано еднаш за секогаш, тоа еволуира во зависност од цивилизацискиот напредок.

Wednesday, January 11, 2017

Луѓето страдаат, а на луѓето не им е грижа

Монетаристичкиот систем, потрошувачкото општество, преокупираноста со материјални вредности ги направи општествата дехуманизирани. Духовноста е заменета со лажни религиозни ритуали и обреди кои служат за елиминирање на грижата на совеста и за наоѓање сигурност во затворени национално-секташки рамки.

Луѓето страдаат, а на луѓето не им е грижа. Оти луѓето одбираат дали ќе го гледаат страдањето на другите луѓе, исто како што одбираат дали ќе гледаат и ќе се соживуваат со некој филм, којшто некој го измислил; или ќе го сменат каналот и ќе гледаат нешто порадосно, нешто што нема толку да им ја мачи совеста и да им го напрега разумот.

https://www.facebook.com/ajplusenglish/videos/876719745802867/

Wednesday, January 7, 2015

Патокази

Да ги ставиме на тапет „народните„ и „национални„ поимања на Христијанството, коишто забегуваат од изворните насоки за љубов и почитување меѓу луѓето, дадени од Христос. 


Тоа што сега го викаме паганство, всушност е збир на верувања, размислувања и објаснувања на реалноста што ги опкружувала нашите предци, своевиден претходен ориентир врз кој се насочувала цивилизацијата. Значи ние, како цивилизација сме го поминале тоа но и сме го надминале тоа. Веќе 2000 години цивилизацијата има друг понапреден, посигурен патоказ за свој развој.
Секако дека и Христијанството, како и секоја друга религија или верување се потпира врз се што било создадено пред него. И секако дека Христијанството ќе се модифицира и ќе прерасне во друго, понапредно верување. Во такво, какво што му е потребно на современиот човек за да има насока на каде да се движи. Можеме да ги сфаќаме религиите и верувањата како ориентири за движење на човечката популација. Тие му се потребни на човештвото исто како што му се потребни на човек кој се упатил да оди некаде. Нели, ако се движиш без ориентири лесно можеш да се изгубиш? Кога еден ориентир е достигнат, се бара нов којшто се поврзува со претходниот. Од друга страна кога ќе залуташ секогаш можеш да се вратиш до претходниот сигурен ориентир, за да се обидеш повторно да си го најдеш патот од таму. Оваа ориентација важи за движењето на цивилизациите низ времето исто како што важи за ориентирање на човек во просторот. Сигурно дека е погрешно и непродуктивно слепото држење до догмите, тоа всушност го спречува развојот на човечката мисла.

Saturday, October 4, 2014

7-8 века задоцнети

Се гледа дека едните се потиштени, како да не знаат што им се случува; а другите имаат силна идеологија и одлучност на нивна страна. Всушност мислам дека се работи за „нормална„ работа во созревањето на човечкото општество, само што овие „луѓе„ каснат 7-8 века. Ни остава впечаток тоа што гледаме луѓе кои живеат во наше време а не ги прифаќаат придобивките и достигнувањата на човечкиот ум во насока на хуманизмот и сфаќањето на суштината на светот во кој живееме, за од друга страна користат модерни методи на уништување.
Ако би виделе „снимка„ направена пред 7-8 века на која луѓе се уништуваат меѓусебно со орудија од тоа време, не би биле вознемирени воопшто.


https://www.facebook.com/video.php?v=841012545910814&set=vb.100000062289165&type=2&theater

Интегрални религии

Религијата е витален дел од структурата на било кое човечкото општество. Во 21-виот век имаме ситуација во кога религиите доаѓаат во активен допир една со друга. Последица на тоа е затворањето на некои религии во себе (фундаментализам), и негирање на другите религии. Ова е причина за негативните ефекти. Позитивните ефекти секогаш би требало да ги надминуваат негативните. Позитивниот ефект од допирот помеѓу религиите би требало да биде раѓањето на инклузивни, интегрални религии - религии на обединување.

Sunday, September 7, 2014

2000 години несфатеност

Знаеме ли за учењето (проповедањето) на Христос кое зборува за простување и за покајание? Христијанин не навредува, не повредува, не возвраќа. Ако си Христијанин - освести се и покај се и ќе ти биде простено.
Тој што не ги знае и не живее по Христовите начела, а дури ги негира - не е Христијанин. Не може да се биде Христијанин „на свој начин„. Тоа дека Христијанството е духовна категорија  може да се види од силата на верувањето на првите Христијани, кои ги поднесувале мачењата и одрекувањата и попрво оделе во смрт,  отколку да ги предадат начелата на Христовото учење. Исус Христос е Бог на добрина, затоа така и се брани Христијанството - со повикување и правење на доброто.
Работоте што ги проповедал Исус Христос пред 2000 години се уште не се разбрани.

Saturday, September 6, 2014

Луѓе - нелуѓе


Страшно за гледање. Кој и да е во прашање и од едната и од другата страна ова е нечовечко однесување. Дури и животните се похумани кога убиваат.
Каде оди човештвото? Како стигнавме до тука?
Што стана со духовноста, со мудроста?
Дали напредокот на технологијата и материјализмот не прават да бидеме нетолерантни и прости?
Дали сите Богови не напуштија?

Си помислив дека една од можностите е дека луѓето што на снимкава се нечовечки малтретирани (веројатно на тој начин и убиени) и самите вршеле такви слични злосторства. Но во кое време живееме? Во времето на „око за око„ и „заб за заб„?