Wednesday, January 7, 2015

Патокази

Да ги ставиме на тапет „народните„ и „национални„ поимања на Христијанството, коишто забегуваат од изворните насоки за љубов и почитување меѓу луѓето, дадени од Христос. 


Тоа што сега го викаме паганство, всушност е збир на верувања, размислувања и објаснувања на реалноста што ги опкружувала нашите предци, своевиден претходен ориентир врз кој се насочувала цивилизацијата. Значи ние, како цивилизација сме го поминале тоа но и сме го надминале тоа. Веќе 2000 години цивилизацијата има друг понапреден, посигурен патоказ за свој развој.
Секако дека и Христијанството, како и секоја друга религија или верување се потпира врз се што било создадено пред него. И секако дека Христијанството ќе се модифицира и ќе прерасне во друго, понапредно верување. Во такво, какво што му е потребно на современиот човек за да има насока на каде да се движи. Можеме да ги сфаќаме религиите и верувањата како ориентири за движење на човечката популација. Тие му се потребни на човештвото исто како што му се потребни на човек кој се упатил да оди некаде. Нели, ако се движиш без ориентири лесно можеш да се изгубиш? Кога еден ориентир е достигнат, се бара нов којшто се поврзува со претходниот. Од друга страна кога ќе залуташ секогаш можеш да се вратиш до претходниот сигурен ориентир, за да се обидеш повторно да си го најдеш патот од таму. Оваа ориентација важи за движењето на цивилизациите низ времето исто како што важи за ориентирање на човек во просторот. Сигурно дека е погрешно и непродуктивно слепото држење до догмите, тоа всушност го спречува развојот на човечката мисла.