Се
гледа дека едните се потиштени, како да не знаат што им се случува; а
другите имаат силна идеологија и одлучност на нивна страна. Всушност
мислам дека се работи за „нормална„ работа во созревањето на човечкото
општество, само што овие „луѓе„ каснат 7-8
века. Ни остава впечаток тоа што гледаме луѓе кои живеат во наше време а
не ги прифаќаат придобивките и достигнувањата на човечкиот ум во насока
на хуманизмот и сфаќањето на суштината на светот во кој живееме, за од
друга страна користат модерни методи на уништување.
Ако
би виделе „снимка„ направена пред 7-8 века на која луѓе се уништуваат
меѓусебно со орудија од тоа време, не би биле вознемирени воопшто.
https://www.facebook.com/video.php?v=841012545910814&set=vb.100000062289165&type=2&theater
Saturday, October 4, 2014
Интегрални религии
Религијата е витален дел од структурата на било кое човечкото општество. Во 21-виот век имаме ситуација во кога религиите доаѓаат во активен допир една со друга. Последица на тоа е затворањето на некои религии во себе (фундаментализам), и негирање на другите религии. Ова е причина за негативните ефекти. Позитивните ефекти секогаш би требало да ги надминуваат негативните. Позитивниот ефект од допирот помеѓу религиите би требало да биде раѓањето на инклузивни, интегрални религии - религии на обединување.
Subscribe to:
Posts (Atom)